Околу 750.000 евра се потрошени за привремени вработувања во времето на мојот претходник од СДСМ. Покрај ова склучувани се договори на дело со надоместок од 91.500 денари по лице, вели градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
-СДСМ мора да и погледне на вистината во очи.
По најавите за прес конференција на СДСМ пред општина Гази Баба излегов надвор со цел пред јавноста да ги соочиме фактите и аргументите во интерес на вистината.
Вистината е дека:
Околу 750.000 евра се потрошени за привремени вработувања во времето на мојот претходник од СДСМ. Покрај ова склучувани се договори на дело со надоместок од 91.500 денари по лице.
СДСМ манипулира, а граѓаните имаат право да ја знаат вистината.
Општина Гази Баба ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните. Времето на недомаќинско трошење на народните пари во Гази Баба заврши, пишува во својата објава покрај видеото Стефковски.