понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Жителите на Раштак немаат вода за пиење – на лагата и се кратки нозете, а ова е доказ дека Георгиевски лаже (ВИДЕО)

Стефковски: Жителите на Раштак немаат вода за пиење –  на лагата и се кратки нозете, а ова е доказ дека Георгиевски лаже (ВИДЕО)

Жителите на Раштак немаат вода за пиење, Борис Георгиевски во телевизискиот дуел пред некој ден излажа дека Раштак има вода за пиење, а доказ за тоа е токму ова видео од вечерашната посета на ова населено место, објави на својата Фејсбук страница кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Стефковски.

-Вечерва бев кај тетка Славка која има 80 години и живее во Раштак.

Тетка Славка ми кажа дека го гледала дуелот кој пред некој ден го имавме на Македонската телевизија со Борис Георгиевски на кој градоначалникот кажа дека Раштак има вода за пиење.

Од видеото може да се види дека жителите на Раштак немаат вода за пиење.

Нашиот народ кажал: на лагата и се кратки нозете. Народот можеш да го излажеш еднаш, а вториот пат следува казната од народот, пишува во својата објава Стефковски.