четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стевчо Јакимовкски повторно се кандидираше за градоначалник на Карпош

Стевчо Јакимовкски повторно се кандидираше за градоначалник на Карпош

Некогашниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој беше на функцијата долги години, се одлучи повторно да се кандидира.

Тој го објави на социјалните мрежи.

„Сакам да ве известам дека одлучив да се кандидирам за следен градоначалник на Општина Карпош на претстојните локални избори.“, напиша Јакимовски.

Јакимовски беше градоначалник на Карпош од 2000 до 2003, а потоа од 2009 до 2017 година.