Ќе бидам ли малициозен во стилот на Цанде ако речам дека „седмица“ е веќе на власт“, нагласувајќи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во Радио Лидер дека ВМРО-ДПМНЕ имаше голема победа во општина Аеродром.
Стоилковски додаде дека во Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Бутел успеа ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди голема победа.
-Во Сопиште, Петровец, Илинден исто така ВМРО-ДПМНЕ издвои победа, потсети Стоилковски.
Стоилковски посочи дека власта се обиде на секаков начин да игра криминално на денот на изборите. Но на власта тоа не успеа, вчера гласот на народот победи.
-Утрово е јасно дека Тимчо Муцунски е потврден победник во Аеродром со 10.000 гласови разлика, нагласи Стоилковски.
Стоилковски потсети дека Заев на митинзите говореше дека СДСМ сигурно ќе победи во 22 општини во прв круг. Очигледно дека Заев ги испомешал математиките.
-Но затоа математичарот проф. д-р. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и наскоро премиер на Република Македонија, човекот смета брзо но и точно. И тоа се потврди во вчерашниот ден, рече Стоилковски.
Стоилковски додаде дека во 93 од вкупно 93 гласачки места Тимчо Муцунски убедливо водеше во Аеродром.
-ВМРО-ДПМНЕ секогаш била одговорна партија спрема граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е дел од онаа светска десница која што за разлика од левицата во светот, има доблест да признае и преземе одговорност. Што е различно од левицата каква што се претставува Зоран Заев за СДСМ, кој што вели ние левичарите не се презема одговорност, појасни Стоилковски.
Стоилковски потсети за пожарот во модуларната болница каде што СДСМ не презема одговорност.