Велат упорноста,храброста и пред се чесноста се најдобрата страна на човекот. Чесниот пристап кон секој граѓанин мора да постои и да биде на највисоко ниво.
Благодарам за големата поддршка на овие победнички локални избори, благодарам мои сограѓани од сите етникуми во Сарај и Скопје.
На народот му треба иднина а не предрасуди,да засукаме ракавите и да се реализира ветеното затоа што народот памти,гледа,казнува или наградува.
Да сте ми живи и здрави,да живее Сарај,да живее Скопје,да живее Вмро Дпмне,да живее Република Македонија.
За модерно и брзо Скопје, пишува во својата Фејсбук објава претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Сарај Мартин Стојановски.