петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ТАЖНА ВЕСТ: Лавицата од скопската Зоолошка ја изгуби борбата со туморот

ТАЖНА ВЕСТ: Лавицата од скопската Зоолошка ја изгуби борбата со туморот

Скопската Зоолошка градина изгуби еден член, кој долго време беше дел од Зоо семејството- лавицата.

-Малигниот тумор кој започна да се развива на лицето, метастазираше низ целото тело. Уште во септември минатата година добивме препорака за еутаназија од ЕАЗА (Европска асоција на зоолошки и аквариуми), но решивме да не се откажеме од борбата. Иако во соработка со Ветеринарниот институт направивме неколку операции за отстранување на туморот, секој пат се враќаше се поинванзивен. Дијагнозата беше Fibrosarcoma- малиген тумор на кожа и поткожје со голем број на митотични и апоптични клетки, некрози и местимични крварења. Лекувањето за жал беше неуспешно, а лавицата која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата беше еутаназирана. Секој од нас има изгубено блиска личност од ова зло, а ние ја изгубивме 20 годишната мила жителка на Зоо Скопје. Тагата е преголема. Почивај во мир убавице и трчај слободно горе на небото, велат од Зоолошката градина.

Во нејзина чест, денес знамињата пред Зоолошка ќе бидат спуштени на пола копје.