Извори на Инфомакс од М-НАВ говорат дека повеќе од 15 дена не функционира дел од светлостната сигнализација на аеродромот во Скопје.
Се работи за дефект на „ПАПИ“ светлата за слетување кои се дефектни изминативе две недели. На фотографијата подоле сигнализацијата се наоѓа најдесно на сликата. Вработените повеќе пати алармирале за дефекетот, а поплаки имало и од пилотите кои имале проблем со слетувањето на аеродрот, но од надлежните нема никаков одговор, пишува инфомакс.мк
Имено се работи за „Индикатори на писта за прецизно слетување’ или скратено „ПАПИ“, истите служат како индикатор за аголот на слетување.
Редакцијата на Инфомакс се обиде повеќе пати да стапи во контакт со ПР службата на М-НАВ, но никој не дигнал слушалка за да ја потврди или демантира нашата информација.
Изворот на инфомакс е бивш вработен во компанијата кој ни посочи дека изминативе неколку месеци се отпуштени голем број вработени кои биле пред пензија.
Изворот вели дека буџетот на компанијата е празен и токму ова го посочува како причина што не се одржува светлосната сигнализација и се намалува бројката на вработени во компанија.