сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Традиционална манифестација „Движи се за здравје“ во Скопје

Традиционална манифестација „Движи се за здравје“ во Скопје

Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ денеска во Градскиот парк – фонтана „Лотосов цвет“ во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Движи се за здравје“ со деца од предучилишните установи.

Децата ќе имаат можност преку вежбањето и вештото поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и другите спортски активности да го развијат спортскиот дух и да научат секојдневно да практикуваат спортски активности.

-Целта на овие активности е да ги поттикне децата уште од најмала возраст правилно да растат и да се развиваат и да ги подобруваат моторичките способности, но и да стекнат здрави навики за редовно спортување, велат од Детскиот културен центар „Карпош“.

Манифестацијата „Движи се за здравје“ се одржува во рамки на Европската недела на движењето, која се одвива од 16 до 22 септември.