петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Трајановски: Една иста улица за две години два пати ја платија и два пати ја поправаа

Трајановски: Една иста улица за две години два пати ја платија и два пати ја поправаа

Чисто за потсетување, улицата Александар Урдаревски во Бутел беше првата улица која Петре Шилегов почна да ја реконструира откако стана градоначалник на Скопје. Со таа фушерајска реконструкција, жителите на Бутел и Чучер Сандево добија улица која беше полоша од првичната состојба, реагира Александар Трајновски, советник во Град Скопје.

Тогаш, тазе избраниот градски татко ја остави улицата “замачкана” со изговор дека треба уште завршен слој кој поради зимските услови најдобро ќе биде да се стави на пролет.

Тој завршен слој улицата Александар Урдаревски ќе го добие сега после две години, а според сликите подолу се гледа дека не се работи на завршниот слој и дека се отстранува фушерајот од пред две години, вели Трајановски.

Една улица, два пати платена и преправена за две години, вели тој.

Околу атмосферската канализација со која Шилегов се фали на улицата Александар Урдаревски, истата е поставена и завршена од неговиот претходник.

Надзор и контрола на реконструкција и изградба на улици не се прави од викендица или кафана, чисто за да не се случи повторно некоја веќе направена улица повторно да ја преправаме и плаќаме за некоја година.

Чекор по чекор Шилегов се извежба, а ние граѓаните два пати плативме иста работа за две години, пишува Трајановски на Фејсбук.