среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Трајановски: По цели 3,5 години без ништо да се преземе, Шилегов и Заев наместо изградба на нов објект или надградба на постоечкиот, најавија најобична реконструкција на Универзална сала

Трајановски: По цели 3,5 години без ништо да се преземе, Шилегов и Заев наместо изградба на нов објект или надградба на постоечкиот, најавија најобична реконструкција на Универзална сала

Изградбата на нова Универзална сала беше еден од ударните проекти на Петре Шилегов за време на локалните избори во 2017 година. Како и по обичај, Шилегов брзо ги заборави неговите ветувања кон скопјани и веќе 3,5 години нема никаква реализација на помпезно најавуваниот проект, вели екс градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

-Во соработка со Министерството за култура, им оставивме готов проект, со кој покрај реконструкција, беше предвидена и надградба, проширување на капацитетите на салата, нови содржини и изградба на подземен паркинг простор. За жал и толку Шилегов не е способен да реализира. Секоја година излегуваа на помпезни прес-конференции, заедно со тогашниот министер за култура Алаѓозовски, дека кај и да е ќе почнат со реализација. Во нивната неспособност да го сработат ветеното кон скопјани, минатата 2020 година им текна да ја рушат Универзалната сала за да направеле, парк па откако цела јавност скокна се повлекоа од идејата и рекоа дека ќе ја реконструираат, пишува Трајановски на Фејсбук и додава:

„Значи, чекавме цели 3,5 години, без ама баш ништо да се превземе, за денеска, неколку месеци пред крајот на мандатот, Шилегов и Заев наместо изградба на нов објект или надградба на постоечкиот, да најават најобична реконструкција на Универзалната сала. Она што е уште поинтересно во целава состојба е што средствата за реконструкцијата, во износ од само 2 милиони евра, не се средства на Градот туку на Владата на Македонија. Единствена причина за ваквиот исход е во тоа што градската каса, поради недомаќинското работење на Шилегов, е целосна празна и тој не е способен да издвои и волку средства за најобична санација на стариот објект. Драги мои скопјани, ова не е ништо друго освен очајнички обид на Заев да ја спаси политичката кариера на најнеспособниот градоначалник на Скопје во историјата на плурална Македонија“.

3,5 години поминаа од мандатот на Шилегов, вели Трајановски, каде тој наследи полна градска каса, еден куп готови проекти подготвени за реализација, финансиски стабилни јавни претпријатија… за повторно тој да не може да реализира ниту едно од неговите поголеми изборни ветувања.

-И сега, после цел мандат поминат во неработење и раскрчмување на Градот, Заев се расфрла со ветувања за финансиска поддршка на цел куп проекти, од Универзални сали, преку мостови на Вардар, до автобуси кои глумат трамвај, се со цел да го извади Шилегов од калта во која се заглави. Ова не е ништо друго освен евтин популизам, потценување на интелигенцијата на скопјани и лош обид за нивен поткуп пред локалните избори.