Честитки до Град Скопје кој на последната седница на советот донесе одлука да се продожи со изградба на Забавниот Парк во Скопје. Додека бев градоначалник Забавниот Парк беше проектиран на површина на сегашниот без ниту еден метар дополнително да зафати од парковското зеленило, вели поранешниот градски татко Коце Трајановски.
-Во 2017-та година кога беше избрана новата градска власт:
– го прекина партерното уредување кое требаше да заврши за неколку месеци
– го прекина поставувањето на 7-те реквизити кои ги набавив и за кои во цената добавувачот имаше обврска да ги направи фундаментите, да ги монтира и да ги пушти во употреба.
– беа поставени и светеа повеќе од 100 канделабри кои се демонтирале и не се знае каде се.
Ако претходната градска власт 2017-2021 не ги прекинеше започнатите работи летото 2018 година ќе почнеше да се користи првата фаза од Забавниот парк.
Сега, после одлуката на советот ако се продолжат работите Забаниот парк може да работи за четири до пет месеци т.е следново лето 2022 година граѓаните да уживаат во неговото користење после четири изгубени години, пишува Трајановски на Фејсбук.