Срамот на граѓаните се поголем од ден на ден.
Тротитетите кои беа поставени пред неколку дена на служење на граѓаните на Скопје очигледно наместо да бидат од функција, тие се од штета на граѓаните.
Доказ дека тие им наштетуваат на скопјани наместо да им помогнат е тоа што тие масовно се „ослободуваат“ од нив фрлајќи ги во континјери, канти за ѓубре, езерцето во градскиот парк, па се до крадење во автомобил.
Во овие моменти наш читател ни испрати веродостојни фотографии и видеа од тротинет како плови во реката Вардар во близина на Хром – Влае.
Бидејќи истиот е целосно заглавен под вода и бидејќи е веќе ноќ не може да се долови убаво целата глетка, но дефинитивно станува збор за тротинетите кои се поставени на служба на граѓаните.
Тротинет фрлен во Вардар pic.twitter.com/ZvXAlobBQs
— Курир (@KurirMK) May 24, 2023
Тротинет фрлен во Вардар кај мостот во Хром pic.twitter.com/1lBQHkUwcw
— Курир (@KurirMK) May 24, 2023