„Блиску до градот Скопје, но уште поблиску е до природата и тоа е епитетот на општина Сопиште што ја прави да биде атрактивна“, истакна Стефче Трпковски, градоначалник на општина Сопиште во утринска емисија на Алфа телевизија.
Трпковски додаде дека кога живееш во општина во која што си се родил и израснал нема лошо место.
„Секоја сезона во годината во Сопиште има своја убавина. Има места кои што се убави во пролет, има места кои што се убави во есен. Колоритот сега во есен во Сопиште е навистина богат, имаме разновидна шума. Некаде околу 70% сме шумска територија. Високи врвови некаде околу 2.400 метри е планинскиот врв Убава, така да нема лошо место во Сопиште“, рече Трпковски.
Трпковски посочи дека Сопиште е рурална средина формирана од 13 населени места.
„Настојуваме Сопиште да биде урбана средина но сепак рурална“, нагласи Трпковски.