14-от Виз Ер Скопски маратон се одржа денес во Скопје, а на истиот учествуваа над 10.000 маратонци од 58 земји од светот.
Маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон стартува во 8:30 часот, а трката од 5 км во 8:40 часот.
Кениецот Еванс Кипкемои Бивот е победник на 14. Скопскиот маратон. Тој делницата долга 42 километри ја истрча со време од 2 часа, 14 минути и осум секунди.
Најдобар македонски натпреварувач беше Александар Кираџиев, кој со време од 2:42:48 часа го освои петтото место.
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник во полумаратонската трка на Виз Ер Скопскиот маратон со резултат од 1 час, 9 минути и 10 секунди.
Атанас Анчевски заврши втор со 1.14.44 и трет беше Милош Ранчиќ со 1.15.56. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Миљана Ристиќ со 1.29.15, Амела Трозиќ со 1.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 1.35.06.
Богдан Цветковски е првиот победник на Скопскиот маратон, во трката на пет километри.
Целосната ранг листа за сите трки може да ја погледнете на следниот ЛИНК.