Успешно заврши проектот „Заиграј со нас“ наменет за дечиња со атипичен развој, во организација на Општина Аеродром и Здружението за иновации и подобар живот „Ареола“.
Повеќе од 60 дечиња со аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа и дијабетес интензивно работеа со тренери и лекар по што е забележано подобрување на нивната фина и груба моторика, на аеробниот и анаеробниот развој, мускулниот развој на горните и долните екстремитети, како и на психофизичкиот развој.
Проектот се реализира во ОУ „Александар Македонски“, а е планирано „Заиграј со нас“ да продолжи и во наредната учебна година.