Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје завршија со активностите за отстранување на дефектот на водоводна цевка ф600 на бул. Александар Македонски.
При изведба водоснабдувањето не беше прекинато, а со завршување на активностите трите коловозни ленти на булеварот се повторно отворени.
Со санацијата на овој дефект, поквалитетно водоснабдување ќе имаат корисниците од Автокоманда, Гази Баба, Ченто, Сингелиќ, Маџари, Стајковци, Инџиково, Хиподром и Хотел Белви, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.