понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Утре без струја делови од неколку општини

Утре без струја делови од неколку општини

Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат, делови од општините Гази Баба, Карпош и Студеничани.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје во периодот од 07:30 до 16:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Методија Андонов-Ченто“, објектите Автоцентар, Престиж Делукс, МЗТ Агрома, Центар за регистрација на возила, индустриските објекти околу Агросервис, во општина Гази Баба.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците на ул. „Козле“ бр.1,5,7 и 8 во општина Карпош, а во истиот период и корисниците од селото Моране и дел околу училиштето во општина Студеничани.