петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре без струја неколку скопски општини

Утре без струја неколку скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Сопиште, Кисела Вода и Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје:

– од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Говрлево во Општина Сопиште,

– од 09:00 до 13:00 часот корисниците од ул. „Христо Татарчев“ крак – 22 во Oпштина Кисела Вода

– од 09:00 до 15:00 часот корисниците од улиците „Леринска“ и „Ловќенска“ во Општина Карпош.