петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре и во четврток сообраќаен режим на улица „Тодор Александров“

Утре и во четврток сообраќаен режим на улица „Тодор Александров“

ЈП „Улици и патишта“ информира дека утре и во четврток од 8 до 12 часот екипи на претпријатието ќе ја асфалтираат улицата Тодор Алексадров.

Поради изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим на двете коловозни ленти и обележана со соодветна сигнализација.

-Во среда ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од ИЗИИС до Турската Амбасада, а во четврток на потегот од Турската Амбасада до кривната кај МВР. Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на градежните активности со цел побезбедно и непречено движење со новата асфалтирана површина на улицата, велат од претпријатието.