среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре истекува јавниот повик за доделување еднократна парична помош за пензионери во Центар

Утре истекува јавниот повик за доделување еднократна парична помош за пензионери во Центар

Општина Центар ги известува граѓаните дека Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за пензионерите истекува утре.

Од Општина Центар информираат дека сите граѓани кои ги исполнуваат условите, се жители на општината и земаат пензија не поголема од 17.518 денари може да аплицираат и бидат корисник на оваа мерка.

Општина Центар потсетуваат дека доколку пензионерите кои сакаат да бидат корисници на оваа помош, а не се во можност барањето за повикот да го достават лично, во нивно име тоа може да го направи некој член од семејството или друг близок.

– Оваа помош која Општина Центар ја доделува доаѓа во вистинско време во пресрет на семејните слави и новогодишните и божиќни празници. Општина Центар ќе продолжи да вложува кај граѓаните кога им е најпотребно, посочуваат од општината.