недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре истекува рокот за пријавување за Илинденски марш

Утре истекува рокот за пријавување за Илинденски марш

Утре истекува рокот за пријавување коњаници за учество на традиционалниот Илинденски марш, кој оваа година се одржува јубилејно по 40-ти пат, информираат од општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека подготовките за маршот ќе почнат наредниот викенд покрај кејот на реката Вардар, и оти досега се пријавени 20 коњаници, меѓу кои и две девојки.

Инаку, на маршот, кој на 27 јули ќе стартува од општина Аеродром, ќе се приклучат и коњаници од: Маврово и Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид, а традиционално ќе заврши на 2 август во Крушево.

Организатор на традиционалната манифестација е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а Општина Аеродром и оваа година финансиски го поддржува настанот.