четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре времен сообраќаен режим на улицата „808“ во Автокоманда

Утре времен сообраќаен режим на улицата „808“ во Автокоманда

Поради изведба на градежни активности за реконструкција на коловозот во насока на движење од улица „16-та Македонска бригада“ до булеварот „Киро Глигоров“ утре во периодот од 7:00 до 15:00 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај на улицата „808“ во населбата Автокоманда, информираат од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.

-Реконструкцијата ќе се одвива фазно, односно при изведбата на градежните активности ќе биде затворена едната, а потоа и другата коловозна лента од улицата „808“ и работите ќе се одвиваат со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, велат од ЈП „Улици и патишта“ и апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.