сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Велимир Смилевски во Општина Бутел си ги вработи сите пријатели и роднини

Велимир Смилевски во Општина Бутел си ги вработи сите пријатели и роднини

Сестрата на истакнатиот член на СДСМ, Горан Зивосовски е вработена во Општина Бутел како одговорна за градинките на подрачјето на општината.

Jасно се гледа на фотографијата дека Велимир Смилевски на својот Фејсбук профил тврди пријателството помеѓу него и Зивосовски е без интерес, но реалноста говори сосема нешто друго.

Целата македонска јавност се запозна со скандалот за големата превработеност од над 200 лица во Општина Бутел за само помалку од три години, додека Смилевски е градоначалник. Покрај сестрата на блискиот пријател на Смилевски, во Општина Бутел тој има вработено и неколку внуци, братучетки, балдски и кумот кој неодамна фиктивно го избрка од работа, наводно во знак на револт бидејки јавно ја навреди албанската националност со погрдни зборови.

Покрај роднините, Смилевски вработи и голем број на пријатели од кои најголемиот дел немаат ниту работни задачи.

Изминативе три години Смилевски наместо да се занимава со остварување на своите предизборни ветувања, тој постојано се занимава со вработување на блиски, што прераснува во срам за општината.

Впрочем и затоа СДСМ во Бутел доживеа голем дебакл на предвремените парламентарни избори кои се одржаа во средата на 15-ти јули.