сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Вељановски: Поради заканата од милионски суми на штета по евентуален изгубен судски спор советничката група ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува точката за носење на ДУП за градска четврт З 04, блок 5 во Општина Карпош

Вељановски: Поради заканата од милионски суми на штета по евентуален изгубен судски спор советничката група ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува точката за носење на ДУП за градска четврт З 04, блок 5 во Општина Карпош

Синоќа во 20:49 минути, градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски за утрово во 9:00 закажа вонредна седница на Советот на Општина Карпош со една точка на дневен ред, носење на ДУП за градска четврт З 04, блок 5 Општина Карпош.

Ценејќи ја сериозноста на ситуацијата и заканата од милионски суми на штета по евентуалниот судски изгубен спор за Општина Карпош, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Карпош ќе ја поддржи точката од предложениот дневен ред.

Непријатноста во која што сме доведени за толку важно прашање да одлучуваме на вонредна седница веројатно е настаната поради неодговорното владеење на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ. Од за нас неразбирливи причини, актуелниот градоначалник ова не го посочува.

Затоа советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара од соодветните органи и институции да покренат истрага во која ќе утврдат одговорност на сите инволвирани во овој случај.

Интегрален текст на Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на општина Карпош