Општина Чаир секојдневно брои новозаразени од вирусот КОВИД – 19. Се повеќе жители на оваа општина секојдневно се заболуваат и со тоа се зголемува бројот на заразени од корона вирусот.
До денес бројот на активни жители од Општина Чаир заразени со КОВИД – 19 изнесува вкупно 192, што ја позиционира оваа општина на убедливото прво место по бројот на активно заболени жители во Македонија, а скоро за три пати повеќе од останатите скопски општини Бутел со 62, Гази Баба со 61 и Аеродром со 57.
-Загрижува податокот на кривата на заболени со КОВИД – 19 која секојдневно е во нагорна линија за оваа општина, а Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб, а на чело со оваа нестручна и неспремна Влада не превземаат никакви мерки и ниту пак размислуваат за дополнителни и итни активности со цел спречување на ширење на заразата од вирусот. И наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, овие три најодговорни тела и иснституции за справување со заразата од вирусот се водат само од своите партиски интереси и како секојдневно да ја спроведат само својата зацртана партиска агенда составена од партискиот лидер на СДСМ, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ЧАИР и Советник во Општина Чаир, Ѓоко Велковски.
-Обвинувањето упатени кон жителите на Општина Чаир и покажување со прст како најодговорни за ширење на заразата и притоа непревземајќи никакви дополнителни мерки и активности, е навистина несериозно и нечовечки кон сите жители на оваа општина и со тоа уште еднаш се покажува дека се врши непотребна поделба и селективно одлучување и делување. Одговроност мора да има, одговорност мора да си понесат главните чинители за непревземањето на никакви активности и мерки за спречување и намалување на ширењето на Ковид -19 во оваа општина. Одговорност од “партиската“ комисија за заразни болести, кризниот штаб формиран само од луѓе блиски до партијата на власт и Министерот за здравство, мора да има, потенцираше и заклучи Ѓоко Велковски.