Иако беа запрени со привремена одлука поради нерегуларности поврзани со обележување на теренот каде се копа, но и поради дозволите кои АД Македонски енергетски ресурси (МЕР) требаше да ги обезбеди, градежните активности на Водно продолжија и денеска, пишува Република.
Планинар кој случајно минувал низ парк-шумата Водно ги известил активистите од иницијативата „Го сакам Водно“ и кажал дека се ископани околу 500 метри. Оттаму истакнуваат дека се особено револтирани поради одлуката да се продолжи со копање, посебно за време на државен празник.
Забелешките, кои претходно се дадени до надлежните институции сѐ уште не се отстранети, тврдат од иницијативата, бидејќи, просторот каде се вршат градежни работи се уште не е обележан.