Лемурите во скопската Зоолошка градина се приклучија кон низата разни животни прогнозери за Светското првенство.
Лемурите избраа една од двете кутии со храна оставени во нивното живеалиште, а на кои се поставени и знамињата на финалистите во Мундијалот, Франција и Хрватска.
Прогнозата на лемурите од скопската Зоо беше јасна, Хрватска нов светски фудбалски шампион.
Останува до недела да видиме дали нивната прогноза ќе испадне точна.