Скопската Зоолошка градина денеска го отвори живеалиштето на семејството гибони, за оваа летна сезона.
По средувањето на летното живеалиште од страна на тимот на Зоо Скопје, овие мајмуни сега се на отворено.
-Таткото Џорџ, мајката Анетка и ќерката Марта ве очекуваат да ги посетите и со своите лудории да ви го направат престојот во нашата ЗОО позабавен, велат од Зоо Скопје.