Паднато дрво предизвика спој во трафостаница на ЕВН во скопската населба Железара.
Делови од населбата останале без електрична енергија, а пред да се утврди за што станува збор граѓаните на социјалните мрежи објавуваа видеа.
Пријавуваа чудна светлина и искрење, како и експлозии.
Што се случува надвор ?? pic.twitter.com/oUSjjP5re2
— k@mi (@kaamiii__) March 21, 2021
Што се случува надвор ?? pic.twitter.com/oUSjjP5re2
— k@mi (@kaamiii__) March 21, 2021
Нешо се дешава у Железара. 🙄
Снемало и струја у цела населба. pic.twitter.com/dJqrZ96xMl— КАРМА☯️ (@_energija_) March 21, 2021
Повик за интервенција бил примен и во Територијалната противпожарна бригада на Скопје, од каде било испратено возило, но немало потреба од интервенција.
Екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.