Во предизборниот период Филип Темелковски како кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода вети изградба на мерна станица за проверка на загаденоста на воздухот.
„Жителите на Скопје и на општина Кисела Вода директно ги чувствуваат ефектите од енормното загадување на воздухот. За навремено и детаљно информирање, планираме изградба на мерна станица. Во план е проектот да се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање“, стои во изборната програма, каде што рокот е до крајот на 2018 година.
Но, и пред крајот на рокот не е започнат процесот за изградба на мерна станица. Градоначалникот Филип Темелковски вели дека сè уште бара донација.
„Немаме поставено мерна станица. Бараме донација“, вели Темелковски
Од Министерството за животна средина и просторно планирање се оградија, велат немале во план да постават мерна станица.
„Немаме во план да поставиме мерна станица во Кисела Вода“, велат од ресорното Министерство.
Извор: makfax.mk