недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Викендов делови од неколку скопски општини без струја

Викендов делови од неколку скопски општини без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:

на ден 17.07.2021 година ( сабота ) :

• од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од селата: Љубин, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Бојане, Радуша, Дворце, и Кондово, ( Општина Сарај ) како и Кучково и дел од с. Волково. ( Општина Ѓорче Петров )

на ден 18.07.2021 година ( недела ) :

• од 04:00 до 06:00 часот, корисниците од: нас. Шуто Оризари, ( Општина Шуто Оризари ), нас. Топаана, нас. Чаир и нас. Топаанско Поле, ( ОпштинаЧаир ) како и нас. Скопје-Север, Бутел 1, Бутел 2, Расадник, нас.Кучевишка Бара, нас. Визбегово и Индустриска зона – Визбегово. ( Општина Бутел )