По повод шест месец од трагично загубениот живот на младиот Горан Димоски, кој загина во март во оваа година, во населбата Аеродром ќе биде организиран меморијален турнир во кошарка.
-По повод шест месеци од трагично изгубениот живот на нашиот непрежален другар Горан Димоски, ќе организираме меморијален турнир во кошарка, во основното училиште „Браќа Миладиновци“- населба Аеродром, на датум 14, 15, 16 септември 2018 година. За да му оддадеме почит на нашиот Гого ќе се организираат тимови (еден тим ќе го сочинуваат 3+1), информираат организаторите.
Котизацијата за учество на турнирот 600 денари од тим или 150 денари од играч. За да бидете дел од меморијалниот турнир потребно е име на играчите и тимот.
-Сите заедно да се собереме и да му оддадеме почин на нашиот никогаш заборавен Гого. Засекогаш во нашите срца брат, порачуваат пријателите на Горан.
Пријавувањето за учество на турнирот трае до утре, 12 септември. Сите заинтересирани може да се пријават на 078 217 225 и 078 247 805 или преку праќање порака на Фејсбук настанот на меморијалниот турнир во чест на Горан Димоски.