Наспроти нереализираните изборни ветувања од 2017 година како поликлиниката која досега требаше да се почне да се гради, градоначалникот Велимир Смилевски за три години го зголемил кадарот во општинита за 207%. Најголем дел од нив се привремени вработувања.
И докека граѓаните вчера протестираа барајќи нова амбуланта, градоначалникот Смилевски не се грижи што не му е реализирано ветувањето од локалните избори во 2017 година, а тоа е нова поликлиника во општината. На почетокот на годинава Смилевски изјави дека се обезбедени средства за изградба на поликлиниката, но после осум месеци се уште нема ништо од реализацијата на истата. Инаку општина Бутел е единствена општина во градот Скопје која нема поликлиника, а амбулантата која работи со само неколку матични доктори опслужува над 37 илјади жители.
Од друга страна, се чини дека градоначалникот Смилевски реализира само привремени вработувања, кои како што јасно се гледа дека најчесто се како дел од таканаречениот поткуп на гласови.
Според последното истражување на Центарот за комуникации за бројот на вработувања во јавниот сектор, општина Бутел е лидер во бројот на вработувања. Име се бележи најголем пораст на бројот на вработени во последните три години од 2017 година. Во периодот 2017 година до февруари месец 2020 година вработени се дополнително 122 лица, од кои 89 привремени вработувања.
Очигледно здравјето на граѓаните и условите во кои жителите на општината Бутел ги добиваат здравствените услуги, не се приоритет генерално. Но, затоа дополнителните вработувања во општината се „витални“, или за СДСМ клучно е само како да се задржи на власта.