петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во недела избегнувајте го овој дел од Скопје – ќе има посебен режим на сообраќај

Во недела избегнувајте го овој дел од Скопје – ќе има посебен режим на сообраќај

ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека во недела (19.03.2023година) на булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ со кружниот тек кај Католичка црква сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

Времениот режим се воведува поради активностите за обележување на хоризонтална сигнализација која се нанесува по завршување на градежните активности за реконструкција на булеварот во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.