среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во тек се подготвителни работи за изградба на нов потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“

Во тек се подготвителни работи за изградба на нов потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“

Екипите на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје деновиве ги започнаа активностите за изведба на нов потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ кај семафорите во населбата Пинтија.

Целосно се отстранува стариот и оштетен бетонски потпорен ѕид кој беше паднат заради временските неприлики.
По изработката на проектното решение ЈП Улици и патишта во координација со службите од Градот Скопје започна со подготвителни работи за изведба на потпорниот ѕид, првенствено со обележување и заградување на просторот на градилиштето, а по овие фази следува ископ на земја на потпорната конструкција. Потпорниот ѕид на бул. Борис Трајковски има променлива висина, а вкупната должина е 152.45 метри.
Откако ќе бидат изведени армирачко бетонските работи на потпорниот ѕид ќе се постави дренажниот систем кој се состои од дренажна цевка, филтерски материјал и барбакани.

ЈП Улици и патишта заедно со службите од Градот Скопје изведбата на потпорниот ѕид ќе ја вршат по сите стандарди за долгорочно решавање на проблемите со наносот на вода врз овој потег, а откако ќе бидат завршени сите потребни активности ќе биде вратена во првобитна состојба и пешачката патека по должината на булеварот.