Примероци од вода земени на 39 места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и канализација, соопштувајќи резултати од неделниот извештај за анализа на водата за пиење.
Од 3 до 7 јули биле земени 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, а анализите ги направи Секторот за Санитарна контрола – прва лабораторија во државата акредитирана за работа според стандардот ИСО17025:2018.