ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел доближување на услугите до своите корисници, како и излегување во пресрет на барањата на жителите во oпштина Шуто Оризари, отвори нов пункт за наплата во оваа општина.
Пункот за наплата се наоѓа во општинската зграда на приземје и истиот ќе работи секој работен ден од 08 до 15 часот.