вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Воведувањето паркинг на Водно е класична злоупотреба на службената положба и овластување

Воведувањето паркинг на Водно е класична злоупотреба на службената положба и овластување

Зонското паркирање кое се воведе на Водно се со цел да се намали загадувањето, според еден од угостителите е кривично дело и злоупотреба на службената положба и овластување, пренесе Телевизија 21.

Според угостителот не може да се воведе зонско паркирање затоа што патот кој води до средно Водно е регионален пат и не може јавното претпријатие Градски паркинг да ја воведе таа услуга.

Град Скопје има надлежност само за територијата на Градот и нивната ингеренција завршува кај хотелот Панорама.

Ова не е прва егезибиција на Петре Шилегов. Под изговор дека Скопје се загадува тој забрани движење на возила и на тој начин речиси ги доведе до раб на егзстенција десетици семејства што имаат угостителстки објекти на средно Водно.

Откако беше воведена забраната, гужвата од автомобили на паркиралиштето на Средно Водно се пресели во Нерези, кај комплексот Македонско село.

Секако оваа мерка не само што се покажа како неуспешна, туку се покажа и како апсурдна зошто на тој начин не се намали загаденоста на воздухот онака како што ветуваа во предизборната кампања.