Уште еден случај на мобинг во ЈСП Скопје. Елизабета Тошевска, вработена во ова претпријатие, исто како и нејзиниот колега Меџит Идризи, се жали на мобинг од раководителите на секторот каде што работи, но и од други сектори на ЈСП. Тошевска за ТВ21 вели дека притисокот врз неа започнал кога таа ги тужела на суд поради неисплатен К-15. Го добила случајот и преку извршители добила к-15 и од тој момент започнал мобингот врз неа.
Таа вели дека неколку пати на писмено побарала средба со генералниот директор на претпријатието, но тој бил недостапен за вработените, вели Тошевска.
Иако и ТВ21 побара изјава од директорот на оваа институција, добивме писмен одговор од портпаролот на истата. ЈСП ги оценува како неосновани жалбите на нивните вработени.
„ЈСП Скопје смета дека колешката неосновано обвинува дека поради нејзините барања за К-15 и наведените тужби, добила пониска работна позиција и помала плата, а истовремено дека и се врши мобинг. Жалбата за мобинг и е неоснована, со оглед на тоа, на што и е и посочено и укажано, дека тоа што го посочува како мобинг не е опишано во Законот за вознемирување на работно место како мобинг“, велат од ЈСП.
За средбата со генералниот директор, од КСП велат дека Тошевска никогаш не испратила писмено барање за средба, а таа вели дека ќе ги тужи за мобинг.