Во текот на изминатата недела биле отстранети вкупно 238 непрописно паркирани возила од јавните површини, информираат од Град Скопје.
Како што се наведува во соопштението, од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 32 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 206 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
– Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционираа вкупно 369 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 32 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето, додаваат од таму.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ исто така апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за услугите, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото, се додава во соопштението.