недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

За прв пат во скопската ЗОО се изведоа бебиња пингвини (ВИДЕО)

За прв пат во скопската ЗОО се изведоа бебиња пингвини (ВИДЕО)

Најрадосната вест денеска доаѓа од Скопје ЗОО.

-За првпат имаме бебиња пингвини и тоа вкупно четири, соопштија оттаму.

– Бебињата дојдоа на свет на 06. 01, 07.01, 08.01 и 10.01 2023 година од два пара родители.Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт од ден на ден беше следена подеднакво и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и стручни лица, велат од скопската Зоолошка градина.
За да ја доживеете и вие магијата на напредокот и растењето на пингвинчињата во изминатите два месеци, од ЗОО подготвија видео каде што се прикажани најемотивните моменти од јајца, преку првите прегратки со мајките, па се до денес!