недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

За Рамазан Бајрам нема да се наплаќа на дел од јавните паркиралишта

За Рамазан Бајрам нема да се наплаќа на дел од јавните паркиралишта

Утре, 21 април 2023 година, за време на државниот празник – Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата.

Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, им го честита Рамазан Бајрам, на сите граѓани на Република Македонија, кои го слават овој празник.