Владата синоќа на седница донесе одлука за привремено запирање на експлоатацијата на чакал на реката Пчиња во атарот на село Средно Коњари.
Како што соопшти владината прес-служба, привременото запирање на експлоатацијата е додека трае увидот на Државниот инспекторат за животна средина заради укажувањата на населението дека ископот на чакал се врши надвор од пропишаното со концесијата и додека не биде донесена нова одлука согласно наодите на надлежниот инспекторат.