сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Запуштената локација прераснува во посакувана дестинација: ЗОО Скопје ќе ја направи Ботаничката градина прекрасно катче за деца и возрасни (КУРИР ГАЛЕРИЈА)

Запуштената локација прераснува во посакувана дестинација: ЗОО Скопје ќе ја направи Ботаничката градина прекрасно катче за деца и возрасни (КУРИР ГАЛЕРИЈА)

Скопската зоолошка градина добива уште помодерен лик.

Деновиве имавме низа објави за неколку новороденчиња меѓу животните, а сега вниманието го насочуваме кон еден прекрасен дел од ЗОО Скопје, за кое многумина не забележале дека постои.

Ботаничката градина се протега на дури 20.000 м2.

КУРИР беше во обиколка токму на овој дел од скопската зоолошка пред неколку месеци, а бевме и вчера за да можеме да направиме споредба. Локацијата која беше сокриена од неискосена трева, гранки и ѓубре, сега е веќе прекрасно место за рекреација и одмор.

Иако е завршена само првата фаза, а ревитализацијата и реализацијата на идеите допрва следуваат, на нашите читатели им го пренесуваме изгледот на овој дел од ЗОО Скопје.

Вчера, Ботаничката градина во ЗОО Скопје изгледаше вака:

 

Целиот тим на скопската зоолошка градина беше вклучен во работа додека да дојдат до целта – запуштената градина да добие прекрасен лик. Откако се обновија патеките со бекатонски плочки, се искоси тревата, се отстранија вишокот гранки, просторот беше целосно среден и исчистен. Во следната фаза има доста работа, но за среќа на посетителите, нема да чекаат долго.

Дрвените мали мостови же бидат заменети со нови, но ќе се задржи автентичниот изглед.

Засадувањето на садниците веќе започна, но ќе бидат ставени уште 200 нови. Истовремено, следи обновување на системот за полевање.

Градината ќе добие и нова урбана опрема. Оваа локација ќе биде примамлива за посетителите од сите генерации. Ќе има детско катче, но и активности за родителите, како можност за јавање на коњи.

Грижата за зеленилото и хортикултурата ќе биде примарна, а постојаните вложувања во Ботаничката градина ќе ја направат да биде вистински магнет за посетители.

Како изгледаше Ботаничката градина пред првата фаза на ревитализација?

КУРИР дојде до фотографии од изгледот на овој дел од скопската зоолошка, пред да почнат интензивните работи на терен. Истата е отворена во 20212-та година, но во последниве години беше целосно запуштена.

Додека сите со нетрпение очекуваме градината да го добие крајниот лик, потсетуваме на нејзиниот изглед ПРЕД и ПОТОА.