среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Жугиќ: Градоначалник не бидете глув на молбите на граѓаните

Жугиќ: Градоначалник не бидете глув на молбите на граѓаните

Во рамките на седницата за советнички прашања, Јелена Жугиќ советничката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “За подобра Македонија”, постави прашање до градоначалникот Петре Шилегов за сечата на парк шумата Водно и го замоли градоначалникот Шилегов да не биде глув на молбите на граѓаните да не се сече шумата на Водно за реализација на гасоводот.

„Планината Водно е белите дробови на Скопје, да не дозволиме да се сече. Ингеренциите се во Ваши раце градоначалник, сменете ја трасата”-рече Жугиќ.

Таа го информираше градоначалникот и за нелегална сеча на шума на Скопска Црна Гора за што исто така замоли да интервенира градскиот татко.

Жугиќ нагласи дека темата заштита на животната средина беше водечка за смена на власта, а денес не само што се сече шумата безмилосно, туку и загрозена е слободата на медиумите да информираат за реакциите на граѓаните самоорганизирани во здружението “Жив ѕид”” за спас на Водно”.