вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

12 години од убиството на Ксенија Пајчин: Љубовта кон лошото момче ја чинеше живот – детали за врската која заврши со трагедија

12 години од убиството на Ксенија Пајчин: Љубовта кон лошото момче ја чинеше живот – детали за врската која заврши со трагедија

На денешен ден во 2010 година, пејачката Ксенија Пајчин трагично го загуби животот кога со пиштол беше убиена од Филип Каписода.

Во станот на улицата „Никшиќка“ бр.6 во Вождовац дошло до трагедија кога црногорскиот модел Филип Каписода со кој Ксенија Пајчин била во емотивна врска две години, прво испукал неколку куршуми кон неа, а потоа и се самоубила.

Мајката на Ксенија, Љубица, ги пронашла безживотните тела во локви крв.

Ксенија Пајчин остана запаметена како убава девојка, полна со енергија и живот, а нејзините колеги истакнуваат дека немало полојална пријателка од неа.

Таа уште како мало девојче покажала талент за танцување. Пеела и играла, а потоа заплови во музичките води.

Зад себе остави песни кои беа хитови во тоа време на Балканот, а се слушаат и денес.

Таа во 2008-ма година на море во Црна Гора го запознала Филип Каписода, братот на ракометарот Петар Каписода, а на негово инсистирање излегле на состанок неколку месеци подоцна.

Веднаш започнале врска која била полна со љубов, но и љубомора и турбуленции.

-Никој никогаш не ме сакал толку многу како Филип. Не мора ни да разговараме, доволно е само да се погледнеме. Тој ме познава подобро отколку што јас се познавам себеси, им рекла тогаш Ксенија на своите пријатели.

Според сведоштвата на пријателите, тие често си велеле: „Сакам да ме гледаш само мене“. Да беше спротивното, ќе имаше расправија. По големиот конфликт во февруари 2009-та година, тие раскинале.

Кон крајот на 2009-та година дојде до нов почеток на врската меѓу неа и Филип, но во првите месеци од 2010-та година, на пат кон нејзината викендица се случила чудна сообраќајна несреќа, што многумина го протолкуваа како прв обид на Филип да ги убие и двајцата на тој начин.

Два месеци подоцна се случува трагедијата, кога Филип прво пука во Ксенија и ја убива, а потоа си го одзема животот.

Најнови вести