недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

14 години по неговата смрт: Обновени тужбите против Мајкл Џексон за сексуална злоупотреба

14 години по неговата смрт: Обновени тужбите против Мајкл Џексон за сексуална злоупотреба

Апелациониот суд во Калифорнија ја врати тужбата на Вејд Робсон и Џејмс Сејчак против Мајкл Џексон, за кој тврдат дека сексуално ги злоставувал со години додека биле момчиња.

-Тричлената комисија на Вториот окружен апелационен суд во Калифорнија утврди дека понискиот суд не требало да ги отфрли барањата и дека тврдењата на Робсон и Сејчак дека двете корпорации во сопственост на Џексон имале одговорност да ги заштитат се основани, пишува Sky News.

Тие ги детализираа своите наводи во документарниот филм на HBO од 2019 година „Напуштање на Ниверленд“.

Робсон, сега 40-годишен кореограф, го запознал музичарот кога имал пет години и се појавил во три спотови на Џексон. Во тужбата, тој навел дека Џексон го злоставувал во период од седум години.

Сејчак (45) изјави дека имал девет години кога го запознал Џексон додека снимала реклама за Пепси. Тој тврдеше дека пејачот често му се јавувал и го опсипувал со подароци пред да се сврти на сексуална злоупотреба.

Адвокатите на Џексон тврдат дека тој е невин и дека тужбите против него се мотивирани од пари.

„Ние сме целосно убедени дека Мајкл е невин, а обвиненијата против него се во спротивност со сите веродостојни докази и тие првпат беа изнесени во јавноста години по смртта на Мајкл од луѓе мотивирани исклучиво од пари“, велат тие.

Новиот закон во Калифорнија, кој привремено го прошири опсегот на случаите за сексуален напад, му дозволи на апелациониот суд повторно да ги отвори тужбите. Ова е втор пат тужбите да бидат вратени на повторно разгледување, откако беа отфрлени како неосновани.

Судијата кој ги отфрли тужбите во 2021 година утврди дека корпорациите, MJJ Productions Inc. и MJJ Ventures Inc., не можат да очекуваат да функционираат како надзорен орган или црква во која детето под нивна грижа би можело да очекува нивна заштита. Џексон, кој почина во 2009 година, беше единствен сопственик и единствен акционер во тие компании.

Најнови вести