Утрово на новите гробишта во Белград, Цеца Ражнатовиќ, нејзините деца Вељко и Анастасија и многубројни роднини и пријатели, ја одбележаа 18-годишнината од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Инаку фановите ја поздравија пејачката која повикала и поп, а откако попот отпеал, Цеца дала задуша за починатиот и ги послужила присутните со ракија.
Меѓу присутните биле и Софија, најстарата ќерка на Аркан, која живее во Брисел, таткото на Цеца, Слободан Величковиќ, кумот на Аркан, Борислав Пелевиќ, како и припадници на српската доброволна гарда.
Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград. За време на убиството тој бил во друштво на Миленко Мандиќ – Манда и Драган Гариќ, кои се убиени, но и со поранешниот директор на Комерцијална банка, Љубомир Михајловиќ.