четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

28-годишната внука на принцезата Дајана во врска со 60-годишен милионер (ФОТО)

28-годишната внука на принцезата Дајана во врска со 60-годишен милионер (ФОТО)

Кити Спенсер и Мајкл Луис повеќе не ја кријат својата романса. Откако со месеци кружеа шпекулации дека се во врска, тие беа фотографирани заедно во јавност.

28-годишната внука на принцезата Дајана го прегрнуваше 60-годишниот милионер за време на прошетка во Менхетен. Кити носеше панталони со риги од Missoni и розова ролка.

Пред неколку дена, тие беа фотографирани додека излегуваа од хотелот „The Mark“.

Се шпекулира дека Кити и Мајкл се во врска од април минатата година.

Богатството на Мајкл се проценува на 80 милиони фунти. Тој е разведен татко на три возрасни деца.

Кити се прослави низ целиот свет за време на кралската свадба на Хари и Меган, кога привлече големо внимание со својот стајлинг.

Најнови вести