Славната пејачка за првпат се појави пред камери откако драстично си го промени изгледот.
Адел беше водителка на „Saturday Night Live“, а во воведниот монолог се пошегува за тоа колку има ослабено.
-Знам дека изгледам навистина поразлично од последниот пат кога ме видовте. Но, поради рестрикциите со Ковид и ограничувањата за патување, морав да патувам со лесен багаж и донесов само половина од себе. А ова е половината која ја избрав, рече таа.